ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА УДРИ И НА ПРОСЛАВАТА НА НОВАТА 2023 ГОДИНА.НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО БЕРОВО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ САМО СО ОГНОМЕТ

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА УДРИ И НА ПРОСЛАВАТА НА НОВАТА 2023 ГОДИНА.НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО БЕРОВО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ САМО СО ОГНОМЕТ
декември 05 23:59 2022

По две години пауза со организирање на дочек на Новата година на градскиот плоштад во Берово поради пандемијата и оваа година нема да има програма каде Беровчани ја дочекуваа најлудата ноќ во годината. Освен огнометот, на градскиот плоштад минијатурно ќе биде поставена новогодишната елка, а ќе бидат изоставени и светлечките реквизити кои изминатите години го красеа центарот на градот за новогодишните празници.

Причината за тоа како што рече градоначалникот Пекевски, е моманталната енергетска криза која влијае на целокупниот живот на Беровчани, како и последиците од претходната пандемска криза.

– Годинава имајќи ги во предвид сите состојби, последиците од претходната криза и новата енергетска криза, практично ќе има само огномет со кој ќе се одбележи испраќањето на старата и доаѓањето на новата година. Друга прослава и други трошоци во тој дел нема да има. За уличното осветлување, можеби ќе настојуваме да го промениме режимот, да за врме на новогодишните, божиќните празници па и целиот месец Јануари ја намалиме потрошувачката, но не со целосно исклучување, туку доколку имаме можност да го редуцираме бројот на сијаличните места, меѓутоа во тој период од годината да светат цела вечер – истакна градоначалникот Пекевски.

Пекевски се осврна и на начинот со кој општината се справува со енергетската криза и цената на струјата и додаде дека доколку се остави уличното осветлување преку целата вечер, би недостасувале средства за покривање на истото, така што би се крателе средства од други програми.

– Можеме ние да го оставиме уличносто осветлување да свети цела вечер, тогаш дел од средствата кои што се за улично ќе недостасуваат и ќе мораме од други програми како што се култура, социјална заштита и други да бидат редуцирани со цел да можеме да обезбедиме доволно средства за програмата со која се одржува и финансира уличното осветлување. Другото решение е да одиме со зголемување на цената на комуналната такса за улично осветлување, што е непопуларна мерка, а тоа ќе биде дополнителен удар по семејниот буџет, кој и така во овие услови е тежок, па така наш избор беше да одиме со редукција на струјата во ноќните часови каде драстично е намалена фреквенцијата на луѓето – рече Пекевски.

Инаку Владата пред три месеци ги објави мерките за заштеда на струја до 15 проценти кои ќе важат се до март следната година, каде што општина Берово уште пред објавените мерки за штедење донесе одлука за непопуларната мерка за ограничено јавно осветлување во Берово, со што после 1 и 30 часот се исклучува јавното осветлување, освен главните сообраќајници во градот каде преку една светат преку целата ноќ.