ГОРАН АЛАЧКИ: ДА НАПРАВИМЕ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ЕДИНСТВО ПОМЕЃУ НАРОДОТ, ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ СИТЕ СО ЕДНА ЦЕЛ, БЕРОВО ДА ГО НАПРАВИМЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

ГОРАН АЛАЧКИ: ДА НАПРАВИМЕ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ЕДИНСТВО ПОМЕЃУ НАРОДОТ, ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ СИТЕ СО ЕДНА ЦЕЛ, БЕРОВО ДА ГО НАПРАВИМЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА
септември 30 21:24 2021

Кандидатот на партијата Интегра, за градоначалник на Берово, познатиот хармоникаш Горан Алачки, денес во Берово ја презентираше програмата во која како што вели се застапени проекти од областа на здравството, брендирање на малешевските земјоделски продукти, заштита на шумите, со посебен акцент на туризмот и културата, каде Берово ќе биде препознатлива светска и најатрактивна туристичка дестинација.

-Општина Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичко едукативен туризам и др.Ќе се воведат признанија – амбасадори на културата и заслужни граѓани на Општина Берово, со цел да се поттикнат и поддржат сите културни работници и уметници коишто даваат личен придонес за популаризација на културата, уметноста и музиката, со настап на на светски натпревари, изложби и фестивали.Исто така ќе работиме на заштита и брендирање на најзначајните продукти што се произведуваат во општината како што се сирењето, сливовата ракија,компирот и др. Жените во општината кои макотрпно ги произведуваат нај ретките уникатни рачни изработки и органски производи, ќе бидат видно означени нивните објекти каде произведуваат како би можеле туристите да купуваат од нив – рече Алачки.

Кандидатот за градоначалник на Берово, Горан Алачки се осврна и на патната инфраструктура и повторно профункционирање на автобуските линии, а како примарен голем проект го наведува изградбата на патниот правец од Владимирово до Радовиш.

– Ќе ја подобрам патната инфраструктура со безбеди витални патишта во општината и ќе воведам директни автобуски линии за поврзување на Општина Берово со поголемите градови во Републиката. За подобрување на патната мрежа ќе ги искористам сите мои контакти низ целиот свет за да го полнам општинскиот буџет.Примарен голем проект ќе ми биде изградбата на регионалниот пат од Владимирово до Радовиш – рече Алачки.

Денешниот ден партијата Интегра и кандидатот за градоначалник на Берово, Горан Алачки, го искористија за посета на градскиот пазар во Берово, каде поразговараа со граѓаните и ја преставија идејата на партијата за подобро и перспективно Берово.

Горан Алачки на престојните Локални избори кои ќе се одржат на 17 Октомври, настапува под мотото „ За мое Берово“ со реден број 20 на гласачкото ливче.

  Категории: