ДОМОТ НА КУЛТУРАТА “ДИМИТАР БЕРОВСКИ” СО ТРАДИЦИОНАЛЕН КОНЦЕРТ ЗА ВЕЛИГДЕН

ДОМОТ НА КУЛТУРАТА “ДИМИТАР БЕРОВСКИ” СО ТРАДИЦИОНАЛЕН КОНЦЕРТ ЗА ВЕЛИГДЕН
април 21 13:27 2022

Домот на културата “Димитар Беровски” од Берово по повод велигденските празници ќе го организира својот традиционален Велигденски концерт.

Културно уметничката програма ќе се организира на 24.04.2022 (недела) со почеток од 12 часот.На концертот ќе настапат оркестарот “Беровски тамбураши” и КУД при Домот на културата со учество на 180 членови од 6 до 18 годишна возраст распоредени во шест групи.

Овој теадиционален концерт се одржува по пауза од две години поради пандемијата од Ковид.

Домот на културата ги поканува сите граѓани на Берово да присуствуваат на концертната програма во центарот на градот поточно на градскиот плоштад “Димитар Беровски”.

  Категории: