“ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” НА ПЕТ ЛОКАЦИИ ВО БЕРОВО СОБРАНА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ОТПАД

“ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” НА ПЕТ ЛОКАЦИИ ВО БЕРОВО СОБРАНА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ОТПАД
мај 08 11:09 2022

Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН, во соработка со повеќе институции, спроведоа голема акција за чистење, на повеќе локации во Берово.

– Oд хотел „Манасир“ до Св. Богородица
– Градски Парк кеј од двете страни
– „Пакет маркет“ – Ловно
– Патека на Беровско езеро
– Кружен тек до Калипсо

-Соберена е голема количина отпадна пластика и хатија, што уште еднаш покажува дека и понатаму е потребно да се работи на промена на свеста за животната средина, за поздрава и позелена иднина за сите!
Целта на оваа акција, е да собереме што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад – додадоа организаторите.

Со секои 10 килограми отпад, придонесуваме во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.

Во оваа акција беа вклучени многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.

Кон акцијата се вклучија и училиштата во Берово.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

  Категории: