ПОШТИ БЕРОВО СО ЕКСПРЕСНА КОНТРОЛА НА ТЕРЕН ПО РЕАКЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ПРИ ДОСТАВА НА ПИСМА

ПОШТИ БЕРОВО СО ЕКСПРЕСНА КОНТРОЛА НА ТЕРЕН ПО РЕАКЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ПРИ ДОСТАВА НА ПИСМА
јуни 24 12:45 2022

По реакцијата на граѓани за приватноста и доставата на писма на неколку локации во населените селски населби на територијата на Берово и Пехчево, за како што велат оставањето на сите писма во селските продавници, екипа од поштата во Берово, веднаш излезе на терен за да ги согледа и увиди причините доколку бидат утврдени.

При денешната посета на поштата во Берово во разговор со раководителот, побаравме одговор за реакцијата на граѓаните, при што бевме запознаени со работата на поштарите во Берово и нивната ефикасност на достава на пратки и писма која е на високо ниво со над 80 проценти, со што се рангирани меѓу првите 10 најефикасни во источното подрачје.

-Веднаш после реакцијата на граѓаните, од моја страна како раководител на Беровската пошта, е направен состанок со поштарите и од наша страна покрај редовните контроли, ќе им бидат направени и вонредни контроли на терен, па доколку се утврдат пропусти во работењето и во доставата на поштенски пратки и писма, веднаш ќе бидат превземени мерки од наша страна.Сакам да потенцирам дека ние како институција редовно се грижиме за приватноста и доставата на сите писма до населените места во Малешевијата.Се соочуваме со проблеми од неажурирани податоци од страна на граѓаните, но исто така како најголем проблем ни преставува немањето имиња на повеќе улици по селските населби, а отежнителнла околност ни претставува и немањето сандачиња за писма на куќите на граѓаните.И покрај тоа, секогаш сме биле во служба на граѓаните и секогаш излегуваме во пресрет на нив, бидејќи тоа е нашата должност, а доколку се утврди некој наш пропуст, верувам дека тоа ќе го надминеме – рече раководителот на беровската пошта.

За било како проблем или забелешка на пратки и писма упатија апел од пошти Берово до граѓаните да се обратат до нив за да се реагира за решавање на проблемите доколку се утврдат.