ВО БЕРОВО СПРОВЕДЕНО ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОПИШУВАЧИ И ИНСТРУКТОРИ ЗА ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО 2021.

ВО БЕРОВО СПРОВЕДЕНО ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОПИШУВАЧИ И ИНСТРУКТОРИ ЗА ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО 2021.
март 11 18:33 2021

По сите препораки за заштита од Ковид 19, денес во просториите на бизнис инкубаторот во Берово беше спроведено тестирање на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори за престојниот попис на населението,становите и домаќинаствата што треба да се реализира од 1 до 21 Април годинава.

Како што истакна Анета Костевска државен инструктор во ДЗС, тестирањето се одвива во најдобар ред и навремено.

Општина Берово заедно со соседната општина Пехчево спаѓаат во Пописен реон 1 каде се пријавиле вкупно 136 кандидати, што е за околу стотина кандидати повеќе од предвидениот број од 70 попишувачи и 8 реонски инструктори.

Пријавените кандидати одговараа на 35 прашања поврзани со начините на попишување, податоци за реонизација, правила на самиот попис и тн.

Селекцијата на кандидатите ќе се изврши според успехот на тестот, со што потоа следи фаза на обука најпрво на инструкторите, а потоа секој инструктор ќе има по 10 попишувачи, кои исто така ќе поминат обуки и ќе им бидат одредени терените на попишување.

Ппишувачите исто така ќе имаат лап-топи на кои ќе ги внесуваат податоците.

Од пријавените кандидати, денес се тестирани вкупно 100 кандидати, поделени во групи согласно протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, донесен од страна на Комисија за заразни болести. За останатите кандидати тестирањето ќе се спроведе во текот на утрешниот ден.

Според Пописот од 2002 година вкупното население во општините кои ги опфаќа Пописниот реон 1, изнесуваше 19458 со 6141 домаќинства и 9619 станови.

  Категории: