НА 10 ЈУНИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА „ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК 2023“

НА 10 ЈУНИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА „ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК 2023“
мај 29 19:01 2023

На 10 ти Јуни сабота, со почеток во 9 часот ќе се одржи велосипедската тура „Пехчево на точак“ на која веќе неколку години континуирано учествуваат љубители на планинскиот велосипедизам од повеќе соседни градови и Малешевијата. Стартот на турата во износ од 47 километри која како што велат организаторите е средно тешка, ќе започне од центарот на Пехчево, а конечната цел е врвот „Ченгино Кале“ најисточниот точка на Македонија.

-Целна точка на турата е врвот Ченгино Кале кој претставува една од најистоцните тоцки на Република Македонија цо надморска висина од 1760 метри.Стартната позиција на велосипедската тура е центарот на Пехчево кој се наоѓа на околу 1000 метри надморска висина (висинска разлика од старт и врв е околу 760 метри).Патеката на движење е во целосна должина од околу 47км со 65% оффроад! Ќе се вози групно со попатни паузи и подолг одмор на врвот.
На врќјање е предвидена посета на еден од Пехчевските водопади со определена пауза за узивање – вели Александар Бојќевски еден од организаторите на велосипедската тура.

За учесниците кои ќе се пријават за возење на велосипедската тура, потребно е да ги следат прописите и да поседуваат задолжителни опрема и храна, додека дека учеството е на велосипедската тура е бесплатно.

  • Секој учесник треба да поседува велосипед за планински тури и велосипедска опрема (кацига задолжително, резервна гума, облека за услови во планина, кабаница/шушкавец, поради променливо планинско време, одреден велосипедски алат).
    Обезбедено е вода и енергетски барови за секој учесник.
  • Храна си обезбедува секој учесник според неговите потреби со сугестија да биде по лесно сварлива и лесно апсорблива за дигестивниот систем.
  • Турата е определена како средно тешка и треба определена физичка подготвеност, за да се постигне целта, што значи дека секој почетник за вакви тури ке се соочи со одреден физички и психички предизвик.
  • Обезбедена придружба од џип за време на турата.

Огромна благодарност до организаторите, сите партнери и спонзори на велосипедската тура”ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК 2023” истакнаа организаторите, а за секоја промена ќе бидете благовремено известени. Пријавувањето за учество на велосипедската тура можете да го потврдите со праќање на порака на фајбук профилот на Александар Бојчевски, кое ќе трае најдоцна до 07.06.2023.

Линк за пријавување: https://www.facebook.com/aleksandar.bojcevski


  Категории: