ВО БЕРОВО ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БОЖИЌНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СРЕДБИ “МАЛЕШЕВО ПЕЕ ОД СРЦЕ”

ВО БЕРОВО ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ  БОЖИЌНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СРЕДБИ “МАЛЕШЕВО ПЕЕ ОД СРЦЕ”
јануари 08 14:47 2023

Пензионерите од Берово, Пехчево и од Виница, денес во Бизнис инкубатор одржаа концерт во рамките на Божиќните традиционални пензионерски средби ,,Малешево пее од срце”.

Во програмата настапија Пеачката група ,,Ѓердан” од с. Русиново, хорот при Здружение на пензионери од Пехчево, Добринка Илиева од Здружение на пензионери Виница, хор при Здружение на пензионери Берово и Оркестар при Здружение на пензионери од Берово.

Во рамките на програмата, исто така беше поставена изложба на уметнички слики од Драган Кузмановски, во холот на Бизнис инкубаторот во Берово.

Со ваквите дружења, пензионерите не само што ги негуваат културните вредности, туку ја чуваат и богатата македонска фолклорна традиција и го збогатуваат квалитетот на своето живеење.

Преку овие традиционални средби, пензионерите од источниот регион се дружат, се унапредува нивниот културно забавен живот и се продлабочува соработката со други здруженија.

  Категории: