(ВИДЕО)РЕПОРТАЖА ВО СЕЛО ЦРНИК: ОД НЕКОГАШ НАЈБРОЈНОТО СЕЛО СО ДОБИТОК, ДЕНЕС ГИ НЕМА НИТУ ЛУЃЕТО НИ ЖИВОТНИТЕ

(ВИДЕО)РЕПОРТАЖА ВО СЕЛО ЦРНИК: ОД НЕКОГАШ НАЈБРОЈНОТО СЕЛО СО ДОБИТОК, ДЕНЕС ГИ НЕМА НИТУ ЛУЃЕТО НИ ЖИВОТНИТЕ
јуни 11 12:35 2022

Селото Црник во општина Пехчево, на времето било едно од најбројните села со добиток од овци и крави во Малешевијата.Главната егзистенција на повеќето луѓе овде е токму од земјоделие и сточарство, но денес велат сликата на селото е променета.Ги нема ниту луѓето ниту добитокот, а годинава се помалку се изорани и засадени земјоделските површини.Останле само старите во селото додаваат мештаните, младите се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а тие што останале овде можат да се набројат на прсти кои сеуште одгледуваат стока и за своја душа засадиле некоја земјоделска култура.

Причината за тоа ги гледаат во поскапувањето на храната и ѓубривата, недоволната ангажираност на државата, ненавремената исплата на субвенциите како и ниските откупни цени на јагнето.Во репортажата која ја снимивме на почетокот на месец Мај во село Црник, ги запрашавме жителите на селото како се живее овде.

Во продолжение погледнете ја репортажата во село Црник: