БЕРОВО ЗАВИЕНО ВО ЦРНО ПО СМРТТА НА МЛАДИОТ ЈОВАН.НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ ШИРИ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛО ОД СЕПСА ПО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ЗАБ

БЕРОВО ЗАВИЕНО ВО ЦРНО ПО СМРТТА НА МЛАДИОТ ЈОВАН.НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ ШИРИ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛО ОД СЕПСА ПО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ЗАБ
август 25 13:19 2022

Берово го потресе смртта на младото момче Јован Димовски, кој вчера почина како што велат граѓаните и неговите блиски познаници по интервенција на заб, при лекување во штипската болница.Сепак прераната смрт на нашиот беровчанец, предизвика реакции на социјалните мрежи каде што се шират статуси поврзани со смртта на 25 годишниот Јован, дека починал од сепса како причина од наопаку ставен дрен.Еве ја во целост информацијата што моментално се шири на социјалните мрежи:

„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со…. „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно….🖤, пишуваат Беровчани во постовите посветени на прерано починатиот Јован.

Побаравме одговор од директорот на штипската болница Ален Георгиев, кој истакна дека во текот на денешниот ден или утре ќе излезат со официјална информација за случајот.

  Категории: