Екстра приходот, граѓаните да го пријават најдоцна до 15 март, потсетува УЈП.

Екстра приходот, граѓаните да го пријават најдоцна до 15 март, потсетува УЈП.
декември 02 10:32 2014

Ваква обврска имаат сите оние кои остварено и други приходи, освен плата и пензија:

Како што се закуп или подзакуп, приход од авторски права, права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во капитал и слично, изјави Ирина Поцкова, портпарол на УЈП – Штип.
Од 01 јануари оваа година, се воведува и нова процедура за пресметка и плаќање на обврските за персонален данок:

Односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk. Препорачуваме сите граѓани да с ерегистрираат на овој систем, кажа Поцкова.
Од управата за јавни приходи , очекувата да бидат поднесени околу 76.000 пријави. Досега, се доставени 19.800.

  Категории: