ВИКЕНДОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА “ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК”

ВИКЕНДОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА “ПЕХЧЕВО НА ТОЧАК”
јуни 20 17:07 2022

Привршуваат подготовките за велосипедската тура ,,Пехчево на точак”. Турата ќе се одржи во сабота, со старт од центарот на Пехчево.

-Почитувани љубители на планинскиот велосипедизам, драги корисници на природата и спокојството, драги ентузијасти. И оваа година ја продолжуваме традицијата на организирање планински велосипедизам низ пределот на Малешевија (Општина Пехчево)! Настанот ќе се одржи идната сабота (25.06.2022) со стартно време на велосипедската тура во 9:30 од центарот на Пехчево, стои во објавата за настанот.

Турата е класифицирана кало средно тешка, истата е во должина од 33 километри со 900 метри висинска разлика.

-Организацијата е поддржана од општина Пехчево, а воедно сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Хотел Гогов за постигнатото во досегашните организации, без кои традицијата не би можела да продолжи. Општина Пехчево за оваа трка обезбедува возило за техничка поддршка и медицинско лице, а дел од организацијата се и ентузијасти со голема љубов кон велосипедизмот, спортот, природата и Пехчево и неговите убавини, се вели во објавата на Пехчевско Лоби.

Организаторите упатија апел на масовно учество од страна на вљубениците во велосипедските планински тури, напоменувајки дека учеството е бесплатно.

Повеќе детали за трката на групата Пехчевско Лоби

  Категории: