LIONS CLUBS INTERNATIONAL District 132 Република Северна Македонија Lions Club St. Pantelejmon во соработка со клубовите ,,Алфа” , ,,Светлина”, и ,,Вардар”, донира лента за одење на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Берово.
Како што истакна Претседателот на Лајонез клуб ,,Св. Пантелемон”, Владимир Миленков, Лентата за одење, е купена со средства кои се соберени преку собирање на 450.000 капачиња од шишиња и иста таква лента, е донирана и во Дневниот центар во Штип.
Донацијата беше поздравена и од првиот човек на Берово, Градоначалникот Звонко Пекевски, кој упати благодарност до донаторите, а на децата и вработените во Дневниот центар им посака со здравје да ја користат, додавајќи дека оваа донација покрај хуманитарен има и еколошки карактер, при што капачињата се соодветно селектиран отпад, кој ќе им овозможи на децата кои го посетуваат дневниот центар да вежбаат и треба да биде пример за тоа како може правилно да се управува со отпадот.
Ова не е првпат Лајонез клуб ,,Св. Пантелемон” да донира за Берово, при што изминатиот период тие имаат донирано пинг понг маса и детски реквизити. Мотото на оваа организација е ,,Ние служиме и се дружиме и помагаме на оние на кои им е потребно”.
87Firdeska Zekirova, Наташа Нешовска and 85 others7 SharesLikeCommentShare