ТЕМА:ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ТУРИСТИЧКО БЕРОВО.

ТЕМА:ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ТУРИСТИЧКО БЕРОВО.
ноември 15 03:45 2020

Стари кревети,пластика, комунален  и секаков вид на отпад се секојдневна слика  на дивите депонии создадени од граѓаните во периферните делови во туристичкиот бисер на истокот, Берово. Ѓубре се фрла насекаде, покрај локални патишта, реки, селски атари  а несовесноста на Беровчани затрупа со шут и повеќе локации во  прекраснате шумски предели.

Поголем дел од Беровчани се самокритични, вината ја префрлаат  на себе но одговорност гледаат во општинските власти од кои бараат поголема ангажираност и казнивост кон несовесните граѓани.

На депонијата за градежен отпад  која се наоѓа во месноста „Јуовец“, ситуацијата е алармантна, бидејќи освен градежен  шут тука се фрла се што ќе се најде.

Градоначалникот Звонко Пекевски, вели дека годинава депонијата за градежен отпад неколкупати е исчистена, но сепак граѓаните и понатаму продолжуваат да фрлаат секаков отпад на дадената локација.

Тој истакна дека во наредниот период  неколку депонии ќе бидат исчистени  и дека со одредени усогласувања на законот за јавна чистота и законот за прекршоци, комуналните инспектори и редари ќе можат да казнуваат.

Директорот на ЈКПР „Услуга’’ Берово вели дека и покрај организираното собирање на отпад во сите населени места во Берово, населението и понатаму неодговорно фрла отпад каде што ќе најде.

Проблем ни се дивите депонии  во околината на градот и селата. Пред една недела организиравме  акција за собирање на градинарски отпад, но граѓаните многу малку се вклучија  кон тоа. Во следниот  период исто така ќе има акција од комуналното претпријати   за собирање  на кабаст отпад. Постојано апелираме до граѓаните да не го фрлаат ѓубрето кај што ќе им текне и постојано мапираме диви депонии кои наскоро ќе бидат исчистени.Меѓутоа, за жал, морам да констатирам дека и покрај сите обиди што ги прави ЈП се соочуваме со огромни количества смет, направени од несовесни граѓани кои несоодветно го одлагаат сметот – вели Илија Рунтевски (директор на ЈПКР „Услуга’’- Берово.

Беровчани сакаат да живеат во чист и уреден град. Свесни се дека се однесуваат неодговорно и несовесно кон комуналната хигиена. Согласни се дека никој не може да исчисти толку колку што тие можат да расфрлаат смет и отпад,но во едно се согласни дека комуналните инспектори треба да казнуваат, за да проработи свеста кај сите за поубаво и почисто Берово.

  Категории: