Kомпанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата во општата болница во Охрид

Kомпанијата Зегин  донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата во општата болница во Охрид
февруари 04 22:32 2024

Денес во Општата болница – Охрид, на оделението за Гинекологија и Неонатологија, компанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата.

Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин за проверување на крв.

Донацијата ја прими директорот на болницата, д-р Асен Шајн кој од свое име и од името на целиот персонал на одделот се заблагодари за донацијата и ја поздрави општествено одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.

Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација е еден почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.