23 Август е ден од историско значење за Берово, симбол на слободата и храброста на нашите предци, чие дело вечно ќе го паметиме и поклонувајќи се пред нивните споменици, ќе ја продолжуваме борбата кон постојан раст и развој.
Овој ден е патрон на Берово и се одбележува со низа настани, преку кои се подигнува значењето на делото на паднатите борци.
Низ историјата од секогаш постоеле луѓе, кои со своите визии, храброст и смелост се истакнувале од обичниот народ. Храброста, пожртвуваноста на тие луѓе ние денес ја градиме , негуваме и почитуваме и се гордееме со нивните дела.
Нивниот дух и денес бдее над градот и ни го осветлува патот кон нашата слободна иднината
Нека ни е честит и вековит 23 август- Денот на ослободувањето на Берово и да е вечен споменот на паднатите борци за денешната слобода!
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски