ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД 23 АВГУСТ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БЕРОВО

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД 23 АВГУСТ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БЕРОВО
август 23 12:16 2022

23 Август е ден од историско значење за Берово, симбол на слободата и храброста  на нашите предци,  чие дело вечно ќе го паметиме и поклонувајќи се пред нивните споменици,  ќе ја продолжуваме борбата кон постојан раст и развој.

Овој ден е патрон на Берово и се одбележува со низа настани, преку кои се подигнува значењето на делото на паднатите борци.

Низ историјата од секогаш постоеле луѓе, кои со своите визии, храброст и смелост се истакнувале од обичниот народ. Храброста, пожртвуваноста на тие луѓе ние денес ја градиме , негуваме и почитуваме и се гордееме со нивните дела.

Нивниот дух и денес бдее над градот и ни го осветлува патот кон  нашата слободна иднината

Нека ни е честит и вековит 23 август- Денот на ослободувањето на Берово  и да е вечен споменот на паднатите борци за денешната слобода!

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

  Категории: