Со отворање на Саемот на локални производи во беровското село Владимирово вечерва започнува манифестацијата ,,Владимирски Илинденски средби 2022″. Настанот под мотото ,,Ладимерци дека и да сте, на Илинден дома да сте” ќе трае до 2 август, а истиот, како што информираа организаторите од истоименото здружение, годинава ќе се одржи по јубилеен 10-ти пат.
-Владимирски Илинденски Средби е еден од најинтересните во Малешевијата во овој период од годината. Карактеристичен е по тоа што неколку денови се дружиме и млади и стари, наши луѓе кои живеат во Владимирово. Тука се и оние што го напуштиле родното огниште, Владимирски пријатели и роднини, побратими, кумови и крштелници, снаи и зетовци и сите оние кои доживеале убави моменти во нашето Владимирово, како и оние кои сакаат да ги доживеат, велат од здружението ,,Владимирски Илинденски Средби”.
За организација на настанот, здружението годинава доби парична поддршка од Општина Берово.
-Вообичаено се потпираме на донации и спонзорства од Општината, Владимирски и пријателски фирми, наши луѓе иселеници во Македонија и во странство. Во рамки на настанот предвидена е богата културно уметничка програма со настап на македонски естрадни ѕвезди, додадоа од Здружението.
Во рамки на првата вечер на Владимирски Илинденски средби 2022, свој настап ќе имаат Староградскиот оркестар при Дом на култура ,,Димитар Беровски” од Берово, по што ќе следува концерт на виртуозот на хармоника Горан Алачки и пријателите