Конечна е одлуката на Апелациониот суд, две години и шест месеци казна затвор за возачот кој ја прегази Верица Белчовска и побегна од местото на настанот на пешачки премин кај ТЦ Глобал во Струмица, април годинава. Семејството на загинатата девојка вели дека е на судењето биле изнесени невистини и лаги со цел ублажување на казната. Душка, мајката на загинатата девојка вели, дека нема да ја врати нивната ќерка ниту доживотна казна , но да биде правично пресудено.
Адвокатката на семјството Белчовски, Сања Мирчов во писмена изјава вели: „Не сме задоволни од казната донесена од судот, а правдата не е задоволена. Девојката загина на пешачки премин,а со казна од 2 години и шест месеци нема да се постигнат целите на казнувањето. Со вакви судски одлуки со кои сторителите на кривични дела и носење на човечки животи во никој случај неможе да спречиме дивеење на возачите и одговорност додека се зад воланот.Солзите и непреболот во семејството Белчовски остануват , но се среќни што сепак срцето на нивната ќерка чука во градите на 22-годишно момче. Верица Белчовска беше донор на здравите органи во организмот.
По одлуката на Апелационит суд се исцрпуваат сите правни инструменти за понатамошна постапка. На семејството Белчовски им останува само да ја прифатат донесената одлука и да ги оживуваат спомените во срцето и бубрезите на пациентите кои им се донирани.