ОСУ “АЦО РУСКОВСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК.

ОСУ “АЦО РУСКОВСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК.
октомври 05 23:06 2018

Општинското Средно Училиште „Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник во чест на 65 годишнината од формирањето на оваа образовна институција во Берово и во чест на раѓањето на својот патрон Ацо Русковски.

 

Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово беше одбележан со свечена програма во холот на училиштето која започна со интерпретација на химната на РМ.

Свое  обраќање имаше директорот на ОСУ „Ацо Русковски“ Сашко Корчовски, кој накратко се осврна  на работењето и постигнувањата на училиштето и ги поздрави гостите и сите присутни.

На одбележувањето збор му беше даден и на еден од првите професори во ОСУ „Ацо Русковски“, Димитар Рунтевски,кој воедно учествува и во основањето на истата,  кој порача сите да ја доживееме староста, за да видиме колку е убава младоста.

Во културно-уметничкиот дел, со своја програма се претставија членовите не КУД “Димитар Беровски“, додека учениците ја покажаа својата музикалност со изведба на повеќе музички точки како и неколку рецитали во чест на патронот.

По завршувањето на свечената програма, празнувањето на празникот продолжи со полагање на свежо цвеќе пред бистата на „Ацо Русковски“.

  Категории: