Денеска, во дворот на детската градинка ,,23 Август” во Берово, беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово, воедно и прва седница на новоизбраните советници.
Седницата ја отвори и со неа раководеше претседателот на претходниот Совет, Јован Матеничарски. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Дневниот ред имаше 5 точки:
Откако верификационата комисија ја изврши верификацијата на советниците, мандатот на избраните 15 советници беше верификуван и одлуката за нивната верификација беше едногласно усвоена.
За претседател на Советот на Општина Берово, со мнозинство гласови, е избран Стево Суџуковиќ.
Градоначалникот Пекевски, од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честита мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа, во интерес на граѓаните на Општина Берово.
Како најстар член, помеѓу советниците, Советникот Владо Методиев, исто така посака успешна соработка и заеднички да бидат поддржани голем број на проекти за Берово.
Успешна работа на новоизбраниот Совет на Општина Берово, му посака и претседателот на Совет на Општина Берово од претходниот состав, Јован Матеничарски.
Благодарност за довербата да биде претседател на Советот на Општина Берово, изрази и советникот Стево Суџуковиќ, кој истакна дека следните четири години, очекува успешна соработка, заедничка поддршка и реализација на многу проекти за Берово.
НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО НЕКА ДОНЕСЕ РЕАЛИЗАЦИЈА НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!