НА ДЕНЕШЕН ДЕН ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА НАШИОТ ХЕРОЈ НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ-КОКИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА НАШИОТ ХЕРОЈ НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ-КОКИ
јуни 23 14:38 2018

Ќе помине и ова(војна 2001) луѓето ќе ни бидат благодарни!
НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ (†25) од Берово

Со посебно чуство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола.Тој веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата, велејќи самиот дека „Неможе едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија Не дочека да ја види својата рожба,ќерката посмртче, кое име го носи негово, Николија. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново. Човекот умира два пати,еднаш од смрт, а вториот пат од заборав…не те сочувавме од смртта,но заборавот нема да дозволиме никогаш да те земе…почивај во мир

  Категории: