Денес карванот на „Најдоброто за Берово“ беше во село Двориште.Звонко Пекевски говорејќи пред присутните потенцираше дека зад нас е период на успешна соработка во која се инвестираше во сите приритети потребно за селото.
„Четирите години работевме чесно, отчетно, транспаретно и со план па затоа Општина Берово не случајно се наоѓа во највисоката групата институции со многу добра активна транспарентност, а на прво место по критериумот финансиска транспарентност.Двориште е едно од местата каде најмногу се инвестираше, затоа и Вашата поддршка на овие избори ќе биде најголема.Во рамките на проектот Македонија без кал во Двориште се асфалтираат четири краци на главната улица низ селото која води до Чурилското маало во должина од 2900 метри, на што претходеше изградба на потпорен ѕид што беше и услов да бидеме меѓу првите кои ги реализираа средствата од проектот Македонија без кал. Почитувани, Двориште конечно е без кал. Јас сум на тоа посебно горд.“, потенцираше Пекевски.
Тој го потенцираше и зафатот на цевководот за снабдување на селото со чиста вода за пиење како можеби најважен проект кој е завршен за времето на неговиот мандат во последните четири години.
„Тоа беше наш приоритет уште кога ја презедовме локалната власт, но мораше да се почне од нула, да се направи проект, да се аплицира за добивање на финансиски средства затоа што општината беше блокирана и презадолжена па за вакви капитални проекти и не можевме да замислиме да ги финансираме од општинскиот буџет. Во следниот период изработуваме проект за филтер станица за конечно Двориште да добие чиста вода за пиење за сите жители.“
Пекевски ги наброи подобреното улично осветлување, воведувањето на собирање на комунален одпад за прв пат, реновирање на училиштето и оградување на училишното игралиште како активности кои го унапредија квалитетот на живеењето во Двориште.
„За да ни биде Двориште уште почисто, уште поубаво“, поентираше Пекевски.
Секако тој истакна дека планира во вториот мандат да го задржи темпото на инвестиции и проекти за сите кое го наметна во првиот мандат и дека заедно со жители ќе ги планираат приоритерите, ќе предлага проекти за реализација.
„Еден од проектите кој веќе е утврден како приоритет е обезбедување на просторни можности за изградба на детска градинка при што жителите на Двориште, конечно како никогаш досега, ќе имаат можност да ги сместат институционално своите деца од предучилишна возраст. Дечињата во Двориште конечно ќе можат да играат и да се дружат како сите други дечиња.“ истакна дел од проектите за вториот мандат Пекевски.
Секако тој се осврна и на политичкиот противник ВРМО-ДПМНЕ за кои истакна дека реално немаат планирани проекти, не разговараат вистински со граѓаните, се шуњаат навечер низ уличките и си се снимаат сами а и за тоа што го предлагаат нема логика како би се реализирало.
„Мојата противничка планира да финансира се што и текнало да напише, од општински буџет си мисли дека на располагање ќе го има буџетот на град Скопје. Еден проект не знаат да направат почитувани, една улица да испланираат. Важно лавови од пет милиони евра, барок и гипс картон знаат да направат. Да се тепаат и лажни вести да измислуваат. Со лажни вести напредок нема. Напредок има со инвестиции, проекти и дела.“, потенцираше Пекевски за неговиот политички противник.
На основа на делата, на проектите, подадената рака секому Пекевски ја побара поддршката од жителите на Двориште за втор мандат, за уште повеќе проекти за унапредување на животот на квалитетот на сите жители на Берово, на сите жители на Двориште.
„, Ве повикувам, на 17 Октомври да излеземе на избори и да го заокружиме бројот 12 за советничката листа чиј носител е Стево Суџуковиќ и 12 за листата за Градоначалник за Звонко Пекевски, да го избереме најдоброто за Берово, за Двориште, да продолжиме со развојот и напредокот што го почнавме во Двориште, да го продожиме напредокот на Општина Берово.Да сте ми живи и здрави да ни е вечно Двориште, да ни е вечно Берово!“, финишираше Пекевски пред многубројните граѓани.