ООУ ,,НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ” ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

ООУ ,,НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ” ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
ноември 21 12:41 2022

По повод 147 години од раѓањето на Македонскиот борец Никола Петров Русински, денеска со свечена програма и положување на цвеќе пред бистата во училишниот двор, на основното училиште во с. Русиново, кое го носи неговото име, беше одбележан патрониот празник.

21 ноември 1875 година е ден, кога е роден Никола Петров Русинсински , македонски патриот, револуционер и борец за национална и социјална слобода на Македонија и еден од најпознатите бунтовни Малешевци.

Прославата на патрониот празник започна со полагање на цвеќе, а потоа следуваше културно уметничка програма, која ја отвори директорот на училиштето, Илија Алаѓозовски, кој низ кратка презентација за проектите кои се реализирани во изминатиот период во училиштето, ни ги презентираше постигнувањата на училиштето.
Во чест на денот, беше распишан и литературен конкурс, на кој наградени беа:

Илина Буровска
Теа Белчовска
Клара Калпаковска и
Алексија Буровска

После тоа, со свои точки, се претставија мандолинскиот оркестар и неколку танцови групи а беа изведени и неколку рецитали во чест на делото на Никола Петров Русински.

Исто така беа доделени пофалници на Каролина Кожарска и Алексија Буровска, кои под менторство на наставничката Билјана Сердарака, освоија прва награда на натпреварот по демонстрации, експерименти и модели на 44 тата школа за млади физичари.

Слава му на херојот, Никола Петров Русински, на кој цела Македонија му беше роден крај.

  Категории: