Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за истите, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.
-Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуција со ковид пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејки на тоа не обвруваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнувме со нормално функционирање, рече Спасовски
Дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрплливост кај граѓаните.
-Јас само апелирам на трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем, дополни Министерот за внатрешни работи Спасовски.
Спасовски во Берово присуствуваше на откривање на спомен обележје на четворицата бранители кои загинаа во веоениот конфликт во 2001 година.