ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КУМРОВЕЦ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КУМРОВЕЦ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО
октомври 26 16:25 2022

Делегација од Општина Кумровец, Хрватска, предводена од градоначалникот Роберт Сплатај, денес го посетија Берово.По приемот и средбата со градоначалникот Пекевски во Општина Берово, заеднички ги посетија сите институции на локално ниво, каде што се разговарало за можноста за соработка и размена на мислења и ставови.

-Им посакав пријатно добредојде и пријатен престој во Берово, да уживаат во убавините кои ги нуди Берово и се разбира, да оствариме успешна соработка и заеднички да реализираме проект, за добробит на Берово и Кумровец- истакна градоначалникот Пекевски.

Градоначалникот пак на Општина Кумровец, Роберт Сплатај, упати благодарност за поканата и можноста да ја запознаат беровската култура и културните богатства на Берово. Тој додаде дека се надева на успешна соработка од областа на културата, за што веќе е разговарано и се разгледани можностите и потенцијалите.

Инаку двете општини, својата соработка ја започнаа во рамките на проектот Европа за Граѓаните, а претставници од ЛАГ Загорје Сутла, каде територијално припаѓа општина Кумровец, беа наши драги гости и во рамките на овогодинешниот Етно плоштад фестивал.

  Категории: