Во Културниот центар во Нови Пазар во Србија, вчера беше отоврена изложба на слики под наслов „Куќа која дише“ од авторот Ќазим Дрекович кој потекнува од Берово.Авторот Дрекович пред публиката изложи 11 слики во кои е претставена беровската стара архитектура и душата на старите малешевски градби.
Авторските дела на уметникот со беровско потекло, се изработени од масло на платно, а инспирацијата за целата приказна прикажана на сликите, е токму од неговата куќа во Берово која како што вели Ќазим, за него претставува вредна архитектура на убавиот живот и прекрасните топли приказни.
-Неизмерно го сакам Берово, поточно тој е и мој град.Чувствувам топлина кога доаѓам тука,во чаршијата во мојата семејна куќа.Инспирацијата за моите уметнички слики е од оваа куќа, во која живеев и јас и моето семејство.Не сакам да изчезне од заборав градбата која има душа и дише, како и сите прексрасни стари архитектури во Берово, па затоа ги насликав и се потрудив да ги склопам и да ги преставам на публиката во Нови Пазар каде што моментало и живеам.Долго време работев и вложив огоромен труд, па така сите слики ми се драги, ми значат како духовно така и материјално.Заинтересираноста за оваа изложба е голема и сето тоа ми дава надеж и понатаму да работам и сликам за мојата публика. Навистина сум среќен – истакна за порталот Малеш Нет – Ќазим Дрекович.
Ова е прва самостална изложба на авторот Ќазим, во Нови Пазар а неговата изложба на слики „Куќа која дише“ ќе трае се до 10 Јуни.Следниот период додаде Дрекович, изложбата ќе биде претставена уште во неколку градови меѓу кои Сарајево и Истанбул, додека најголема желба му е да се престави и да бидат изложени неговите дела токму во неговиот град Берово.
– Во мојата изложба на слики освен мојата куќа, ја насликав и Буклиската куќа која секогаш кога се шетав низ Берово или кога одев по патот накај Беровското езеро, не можев а да не се загледам во неа и нејзината градба.Многу посетители дојдоа првата вечер на изложбата кој ќе трае до 10 Јуни во Културниот центар во Нови Пазар и навистина сум воодушевен.Сепак после овој период продолжувам со преставување на сликите уште во неколку градови и тоа во Сараево и Истанбул, а најголема желба ми е „Куќа која дише“ да ја преставам во моето Берово, бидејќи навистина Беровчани го заслужуваат тоа, а и приказната е од мојот град Берово.Се надевам дека ќе успеам во моите планови – додаде Дрекович.
Инаку Ќазим Дрекович е роден е на 18 април 1989 година во Тутин. Основно и средно училиште завршил во Нови Пазар. Во 2008 година се запишува на Ликовната академија во Сараево, каде што дипломира во 2013 година, на Катедрата за графика во класата на проф. Амела Хаџимејлиќ.
По долга пауза и патување во Европа и Азија, тој се запиша на магистерска диплома во 2017 година. Магистерскиот труд го бранеше на истиот факултет, со сегашниот декан, проф. Д-р Дубравка Поздерац-Лејлиќ и Татјана Милаковиќ, на Катедрата за сликарство во 2019 година и се здобија со титула мајстор за сликарство. Во својот скромен опус на дела, Дрековиќ ги преиспитува основните филозофски поими за постоењето преку вметнатиот дар на човекот да ги набудува, толкува и создава.
Тој е автор кој зборува во два слоја: ја објаснува амбицијата на младиот човек да го познава светот, да истражува, да наоѓа и да му се восхитува, додека од друга страна го носи со себе сиот товар на она што отсекогаш бил.Учествувал на бројни колективни изложби во земјата и странство, и е добитник на наградата „Универзитетски декемвриски денови“, доделена од Универзитетот во Сараево. Тој е член на Здружението на ликовни уметници на БиХ. Во моментов живее и работи во Нови Пазар.
Во продолжение галерија од изложбата на Ќазим Дрекович насловена „Куќа која дише“.