ЈАВЕН ПОВИК За формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Берово

ЈАВЕН ПОВИК За формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Берово
февруари 17 15:00 2023

Врз основа на член  17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), а во врска со член 69-д од Статутот на Општина Берово (Службен гласник на Општина Берово бр. 13/2002, 18/2007, 30/2008, 20/2010, 20/2019,47/2021), на ден 17.02.2023 година Општина Берово, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За формирање Иницијативен одбор за конституирање

Локално собрание на млади на Општина Берово

  1. Опис на јавниот повик
  • Општина Берово распишува јавен повик, за избор на членови, за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Берово.
  • Иницијативниот одбор треба да биде составен од 5 члена (групи), жители на Општина Берово, на возраст од 15 до 29 години.
  • Иницијативниот одбор се формира за одржување на конституитивно Локално собрание на млади во Општина Берово.
  • Времетраењето на иницијативниот одбор е краткорочно и завршува со свикувањето на првото локално собрание за млади.
  1. Право на учество

Право да поднесат пријава, имаат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување.

  1. Потребна документација

Задолжителни документи за учество на јавниот повик:

  • Портфолио на организацијата/групата/здружението,
  • Годишна програма за работа,
  • Извештај за активности со млади во изминатата година,
  • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
  • Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија
  1. Начин на пријавување

Пријавите, со потребната докујментација, се поднесуваат до Архива на Општина Берово, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот на е-маил: so.berovo@t.mk  или по пошта на адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово со назнака „За Јавниот повик за свикување Иницијативен одбор за Советот на млади на Општина Берово”. 

  1. Рок за пријавување

Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Берово и Огласната табла во Општина Берово, од 17.02.2023 до 03.03.2023 година.

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

Звонко Пекевски

  Категории: