Во нашата редакција пристигна писмо од жителите на с.Умлена, кои како што велат стравуваат да патуваат на патниот правец спрема с.Чифлик и Пехчево, бидејќи мостот кој се наоѓа на ова место во секој момент може да се сруши.Веќе одреден период ситуацијата која е лоша гледка претставува опасност за населението, па мештаните бараат итна интервенција за да не дојде до несакани последици.