Семејство од Делчево има потреба од помош за нивното бебе кое на минусни температури спие на под во просторија која во моментот им е единственото живеалиште во Делчево. Мајката на бебето вели дека бебето има оштетени бубрези, додека поради ситуацијата, нејзиниот сопруг е во депресија.
-Ги замолувам сите кои можат да ни помогнат бидејки сме во многу лоша ситуација, живееме во соба два на два. Овде овој објект има 4 семејства на кои што ова беше купатило тука но немаше каде да се сместиме, се сместивме тука тука беше преградено со чешми, моравме да ги скршиме за да нисе отвори поголем простор. Бебето ни е болно и хидронекроза едниот бубрег му е втори степен, другиот први степен, мажот ми е во депресија го праќаат во болница и него не немаме од каде што, спиеме на федери навечер, се надевам дека вие ќе ни пружите рака и ќе ни помогнете, истакна мајката на болното бебе.
Контакт телефон за помош : 075 547 558
Линк од видеото каде може да погледнете во какви услови живее семејството.
https://www.facebook.com/burhan.spanec.37/posts/422508172361961?cft[0]=AZXX4yo-LmbkzbmUSg_sy3madpubs6moJ7fwu7CFxzT6A253-80hiNBQQgWxHt93ihJ14ImL8atxkRsDN_fGMgC8X6UlrqdNMF621B0CrARooMwI8Zseo6c_NAWDitDCucutixg1acfT9LRltQUe3fFP&tn=%2CO%2CP-R