ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОПОВОД 11 ОКТОМВРИ ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ ПОПОВОД 11 ОКТОМВРИ ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ
октомври 11 10:01 2022

Ви го честитам 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ и ден на борецот, со желби за голем напредок и просперитет во продолжувањето на градењето на нашата држава.

На 11 Октомври, знајни и незнајни борци, јунаци, херои, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, го означија почетокот на Народно-ослободителната борба во Македонија.

Денешната слобода, им ја должиме на нашите предци, херои, визионери, кои се изборија за слободата и се втемелија во создавањето на нашата татковина.

11 Октомври, е темелник на вековните определби на граѓаните во Македонија, за слобода и мир, како и означување на почетокот на вековната борба за самобитност и самостојност.

Денешните генерации, имаме обврска да ја зачуваме слободата и да продолжиме да ја градиме државата .

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на народното востание, на македонскиот народ!

Ваш Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

  Категории: