ПИСМА: НА НЕНАПРАВЕНИОТ ПАТ ВО НАСЕЛБАТА „ШИРИНАТА“ ВО БЕРОВО, СЕ СОЗДАДОА НЕКОЛКУ ЕЗЕРЦА.

ПИСМА: НА НЕНАПРАВЕНИОТ ПАТ ВО НАСЕЛБАТА „ШИРИНАТА“ ВО БЕРОВО, СЕ СОЗДАДОА НЕКОЛКУ ЕЗЕРЦА.
јануари 31 17:42 2021

Штотуку ни пристигна писмо од жителите на населбата „Ширината“ во Берово, каде што граѓаните реагираат на отежнато движење поради ненаправената улица која е преплавена со вода и се создале мали езерца.Како што велат досега три градоначалници во Берово ветиле дека ќе ја направат оваа улица, во населбата каде живеат околу 20 семејства, но сето тоа се празни ветувања обвинуваат граѓаните.

Во писмото стои:

  • Населбата „Ширината“ во која живееме околу 20 семејства, деновиве е под вода, поточно сета вода доаѓа и се собира на нашата улица, па движењето е отежнато.Многу години наназад три градоначалници ни ветија дека ќе се направи улицата, но залудно.Нели ги избираме да работат за сите нас, нели основната функција на градскиот татко е да се грижи за инфраструктурата и да ги решава нашите проблеми. Дојдовме на ова дереџе само да ги потсетуваме градските власти за да направат нешто. Од сликите можете да видите како ние живееме во 21 век . Дали е нормално сето ова.Овие денови се создадоа помали езерца од топењето на снегот и дождот кој заврна, што дополнително ја влоши ситуацијата.Ние сами жителите многупати носиме песок и ставаме на улицата, но залудно.Што треба да направиме, ни дојде идеја да направиме плажи на овие езерца тука и ако има заинтересирани инвеститори да финансираат една хидроцентрала тука на улицата, а потоа струја без пари. Дајте веќе срамота е ова.Апелираме до Општина Берово, дека веќе крајно време е да си ја сфатат работата озбилно и да реагира не само на оваа улица, туку на сите други кои не се направени.Сепак моќта ја црпите од сите нас.Се надеваме дека преку порталот Малеш Нет ќе допре написот до надлежните за да конечно ни го олеснат движењето и животот на нас граѓаните од населбата „Ширината“.
  Категории: