Веќе подолг период Беровчани се отсечени со автобуски превоз до Скопје и околните градови.Автобуската станица во градот повеќе не работи, а граѓаните мака мачат да отидат негде. Се жалат дека ова им претставува проблем за потребите од прегледи на доктор во Скопје, патувањата до блиските роднини, а како што велат и посетата на туристите во Берово е намалена заради целосно прекинатите автобуски линии.
После многуте реакции од наши сограѓани кои пристигнаа во нашата редакција, побарамвме одговор од претседателот на здружението на превозници „Транспорт Легис“ кој истакна дека главната причина е неодржувањето на постоечките линии од страна на операторот во Берово и непостоењето на автобуска станица во градот.
Додека поврзаноста со автобуски линии до Скопје на Беровчани им е скратена, внатре пак во самата Општина превозот од едно до друго населено место се врши во три релации, а услугата ја извршува компанијата „Тритерол“ , која врши договорен транспорт. Но сепак најголем проблем одсекогаш па и сега додава Матеничарски претставуваат и дивите превозници, кои им ги земаат патниците на автобусите.
Одговор за ситуацијата побаравме од компанијата која има регистрирано линии и која до 30 Март редовно вршеше превоз на патници од Берово до Скопје и обратно, каде ни одговорија дека причината за неодржувањето на автобуските линии е ситуацијата со корона пандемијата и додадоа дека од следната година се надеваат дека ќе се врати повторно автобускиот превоз во Берово.
Истот така одговор за непостоењето на автобуска станица во Берово побарвавме и од градоначалникот Пекевски, кој рече дека Општината е ненадлежна за ова прашање и не упати до државниот инспектор за транспорт, каде и покрај многуте обиди не добиеме одговор.
Дека автобускиот превоз им е потребен на Беровчани, потврдува и формирањето на група на социјалните мрежи, под името „ Превоз до/од Берово“, на која за само за една недела се приклучиле 800 граѓани а исто така и доволен број побарале превоз од главниот град до Берово и назад.
Разговаравме со администраторот на групата кој додаде дека идејата потекнува токму од потребата на Беровчани за превоз кои веќе повеќе месеци бараат секакви солуции само да стигнат до Скопје и да ги завршат своите обврски.
Оваа група е наменета за сите оние што сакаат да патуваат заедно, а при тоа да си ги поделат трошоците за патувањето.И во ова време на пандемија, секако дека на луѓето им е потребен превоз до Скопје или назад, било на преглед, или да завршат некоја административна работа.Навистина сум изненаден на големиот интерес на наши сограѓани, кои секојдневно пишуваат на страницата и бараат превоз.Мислам дека за младите овој начин на саморганизирано патување помага многу, но за постарите лица секако дека е потребен автобуски превоз.
Не е многу подобра состојбата и во соседните Општини на Истокот.И таму грѓаните се соочуваат со проблемот од немањето автобуски врски со главниот град.
Колку за информација граѓаните на Берово моментално можат да заминат за Скопје со превозот кој го врши кочанскиот превозник „Атом“ и превозникот „Андон Компани“ од сеседно Пехчево.Но сето тоа не е доволно, со оглед на ограничувањата, каде поради пандемијатае редуциран бројот на патници во јавниот превоз на 50 отсто од предвидениот вкупен број во автобусите.
Претходно реномираната компанија Берово Транс од Берово, важеше за лидер со автобускиот превоз на истокот на државата, во која имаше над 50 тина вработени.
Додека да се реши оваа ситуација, граѓаните на Берово и околните градови и понатму остануваат да се снаоѓаат како што знаат и умеат за да стигнат до главниот град за извршување на своите потреби.