ДСЗИ ИЗЛЕЗЕ СО ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ВОНРЕДНАТА ИНСПЕКЦИЈА ПО СМРТТА НА ЈОВАН ДИМОВСКИ

ДСЗИ ИЗЛЕЗЕ СО ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ВОНРЕДНАТА ИНСПЕКЦИЈА ПО СМРТТА НА ЈОВАН ДИМОВСКИ
август 26 14:15 2022

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.

-Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани, се наведува во соопштението.

Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .

Извор: kurir.mk

  Категории: