Во рамките на проектот „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво: Откријте, анализирајте, зајакнете!”, денес во Берово се одржа презентација на наодите од истражувањето на истоимениот проект спроведен од ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии.
Целта на проектот е да ја зголеми отпорноста и активноста на граѓаните во однос на спречување на нелегалната сеча, да се активираат и навремено да ја пријавуваат до надлежните институции.
Нелегалната сеча и уништувањео на планините во која во многу наврати учествуваат и криминални групи, најмногу е застапена во северозападниот дел на државата додаде Стефановски и истакна дека на територијата на државата годишно се сечат 600.000 кубни метри нелегална дрвна маса.
Илегалното уништување на планините не е поразлична ниту во Малешевијата.Не се проблем законските решенија туку нивната примена, а за сето тоа да се спречи потребно е исто така и едукација на населението додаде Војо Соколовски преседател на националното здружение на сопствениците на приватни шуми во Македонија.
Инаку овој проект е поддржан од Глобалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал и Фондот за отпорност.