Ниското ниво на хигиена и депониите го кочат развојот на туризмот во Истокот.

април 02 21:30 2018

Недостаткот од сместувачки капацитети, ниското ниво на хигиена и зголемениот број на депонии го кочат туризмот на Истокот. Развој на оваа гранка не е можна без да се решат овие проблеми и да се инвестира во нивно отстранување, сметаат туристичките работници.

  • Менаџирањето со отпадот исто така се јавува како еден големите проблеми кој што би требало да се адресира преку нашиот проект. Исто така, недостиг на попатна инфраструктура, одмаралишта, информативни бироа, попатни стојалишта, недостигаат патокази така што ногу тешко ги наоѓаат туристите туристичките дестинации, изјави, Антонија Шишак, проект менаџер

Станува збор за проблеми чие решавање е долготрајно, но и скапо  и за што е потребна финансиска помош од страна. Токму тоа го нуди вториот повик на Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот кој ќе трае до крајот на месецот. Истиот предвидува грантови во визина од 14,3 милиони евра, поделени во три групи.

  • За општините и јавните институции овозможени се грантови од 1 милион евра. За туристичките организации и стопански комори и здруженија на граѓани предвидени се грантови од 50.000 евра. Третиот тип, за микро и мали претпријатија се обезбедени грантови од 100.000 евра, рече, Антонија Шишак, проект менаџер

Проектот за локална и регионална конкурентност е финансиран од Европската Унија и Светска банка во износ 18 мил евра и контрибуција на македонската влада во износ од 3,2 мил евра. Во првиот повик биле доделени средства од 2 милиони евра, на општините Вевчани, Крушево, Чаир и Босилово.

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: