Преубавиот кањонот Вердон се наоѓа во Јужна Франција и според многумина е најубавиот кањон во Европа.
Клисурата е долга 25 километри а длабочината на некои места изнесува и до 700 метри. Кањонот настанал околу реката Вердон која извира во Алпите и која е карактеристична по својата необична тиркизна боја. Затоа и не зачудува што го носи епитетот на најубавиот европски кањон, пишува Факултети.мк
Кањонот е на листата на најпосетените туристички атракции на Франција.
Покрај можноста да се возат со бродови и кајаци по овој природен бисер, туристите се привлечени и од неговите спектакуларни варовнички карпи.
Тука на располагање за истражување има околу 1.500 различни рути, но треба да се напомене дека главно истите се наменети за поискусни алпинисти.