Нов правилник за храна во градинките. Грицките да се заменат со овошје и зеленчук.

Нов правилник за храна во градинките. Грицките да се заменат со овошје и зеленчук.
март 09 22:57 2018

Нов правилник за храна во градинките. Грицките да се заменат со овошје и зеленчук, инсистираат од Министерството за образование. На овој начин би требало да се наметнат нови стандарди за тоа што треба, а што не треба да јадат децата. За оние директори кои нема да с епридржувата до пропишаното, следуваат санкции:

  • Храната која ќе биде набавувана, ќе мора да биде во согласност со Правилникот, истакна Рената Дескоска, министер за образование.

Во Македонија 30 % од децата се се прекумерна тежина, но исто толкав процент се сиромашни и немаат соодветна исхрана. токму овде, треба да се вклучи државата и да интервенира барем онаа храна што децата ја добиваат во институциите, да биде квалитетна:

  • Едни гладуваат, други веќе се соочуваат со прекумерна тежина, како резултат на неизбалансираните оброци, државата треба да има главната улога во надминувањето на овој проблем, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Новиот правилник за храна во градинките и училиштата е правен по препорака на нутриционистите. Нивна препорака е намален внес на масти, сол и шеќери.

Истиот е предмет на јавна дебата, по што ќе следуваат законски измени, а потоа и имплементација на новините.

  Категории: