ИНТЕРВЈУ СО ВАСИМ АХМАД: КОЈА Е АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНЦА

ИНТЕРВЈУ СО ВАСИМ АХМАД: КОЈА Е АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНЦА
јули 27 20:47 2022

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“ веќе 25 години во Македонија дејствува и функционира Ахмадија муслиманската заедница.Зачетоците на ова движење во нашата држава почнуваат токму во Берово во далечната 1997 година.Ахмади муслиманите се сметаат за реформатори во исламот и немаат намера да измислуваат или додаваат нешто друго во исламското учење.Тврдат дека се враќаат на традиционалниот ислам, со други зборови на Чесниот Куран, хадисите и суннетот.

Според исламските списи и учења членовите на Ахмадија муслиманската заедница веруваат дека долго очекуваниот месија е всушност Мирза Гулам Ахмад, бил пратен од Бог исто како што во христијанството го испратил Исус, да стави крај на верските војни, да го осуди крвопролевањето и да ги оживее моралот, правдата и мирот.Ветениот месија на исламот, кој беше прифатен од Ахмадија ја прогласил ерата на џихадот, но кој ќе се водел со пенкало.Со други зборови војна која ќе се води со зборови, логика на мудрост, аргументи и интелект.

Муслиманската заедница Ахмадија категорично го отфрла тероризмот во било која форма.Според британската енциклопедија, муслиманската заедница Ахмадија брои десет милиони следбеници и воедно таа е најбрзорастечка верска заедница на денешното доба.Ахмадија заедницата е распространета во 212 држави во целиот свет и секојдневно расте бројот на нејзините членови.

Поразговаравме со имамот на Ахмадија заедницата во Македонија, г-дин Васим Ахмад, кој од 2008 година е присутен во Берово и Малешевијата и кој добро го познаваат граѓаните по неговата скромност и едноставност.Во интервјуто со него ни ги откри сите темели на нивната религија, нивните сваќања, големиот број хуманитарни акции, како и главниот темел на нивната вера љубов кон секој човек.

Во продолжение погледнете го интервјуто.