КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН СО ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОКТЕЛ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА ГО ПРОСЛАВИ 34 ГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН СО ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОКТЕЛ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА ГО ПРОСЛАВИ 34 ГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ
декември 18 19:42 2023

Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Ловен Дом“ во Берово, синоќа компанијата Зегин со предновогодишен коктел го прослави 34 годишниот јубилеј од постоењето. На средбата беа присутни сите здравствени работници од Малешевијата, кои со заедничка веселба го одбележаа успехот на реномираната компанија Зегин.

Сопственикот на компанијата Зегин, Благој Механџиски во своето обраќање пред присутните се заблагодари за честа и довербата која со години ја има од Mалешевци, посебно од здравствените работници и го потенцираше значењето на овој ден кога е формирана реномираната компанија на целиот Балкан.

– На денешен ден поточно 17 Декември 1989 година, јас го поднесов документот за регистрација на аптеките и дрогериите Зегин. Сите мои кодови и гени се наследени од овој крај, а со досегашното мое искуство компанијата прерасна во водечка сила во аптекарската индустрија на целиот Балкан.Сакам оваа вечер на сите да ви порачам да бидете здружени и силни и како јас кој отсекигаш бил на страната на болните, изнемоштените и старите лица, така и сите ние да помагаме и да го пренесеме тоа на вашите деца. Малешевијата е расадник на писменоста и успешните луѓе, па затоа сакам тоа да го задржиме тука бидејќи е наше и треба да се гордееме сите – истакна Благој Механџиски.

Здравствените работници од Берово и Пехчево кои беа присутни на средбата, упатија честитки за долгогодишното постоење и соработка на компанијата Зегин, посочувајќи ја важноста на поддршката која Зегин непрекинато ја дава за здравството во Малешевијата. Предновогодишниот котел беше крунисан со прекрасна музика, а сопственикот Маханџиски во расположената атмосфера која беше присутна, запеа и неколку изворни малешевски песни. Неизоставен дел од прославата беа и беровските трубачи кои ги кренаа на нозе сите присутни со познатите малешевски ора.

Инаку команијата „Зегин“ која е аптекарски бисер на Балканот во своето 34 годишно постоење, израсна во бренд на снабдувањето со лекови во регионот. Препознатливи како најквалитетени и најснабдени аптеки без конкуренција, Зегин и понатаму продолжува со врвните услуги кон граѓаните и уште повеќе ги наметнува позитивните практитки во целокупното здравство.

Упатуваме честитки до компанијата Зегин и ни преставува задоволство што токму од Малешевијата потекнува врваната корпорација и водечка сила во аптекарскиот свет, со желби за уште поголеми успеси во иднина.

Во продолжение погледнете видео од прославата во ресторанот „Ловен Дом“ во Берово: