КОМПАНИЈАТА “ЗЕГИН” ОД ДЕНЕС СО БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НА ЛЕКОВИ ДО ДОМОВИТЕ НА СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА

КОМПАНИЈАТА “ЗЕГИН” ОД ДЕНЕС СО БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НА ЛЕКОВИ ДО ДОМОВИТЕ НА СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА
октомври 30 13:06 2023

Компанијата “Зегин” од денес започнува со бесплатна достава на лекови до домовите на сите стари, изнемоштени и болни лица во Малешевијата. Овој хуман потег како што нагласи сопственикот Благој Механџиски, ќе биде бенифит за сите граѓани на кои и тоа како им е потребна оваа помош.

-За жал во Малешевијата останаа повеќе стари изнемоштени лица, кои секојдневно се борат со бариерите и препреките за да дојдат и да си ги купат потребните лекови. Компанијата “Зегин” отсекогаш се грижи за граѓаните на Малешевијата, па затоа ја увидовме оваа потреба и со нивна согласност било со рецепт или на слободно, лековите од денес ќе им бидат доставени на домашните адреси на сите граѓани во секое населено место во Малешевијата со бесплатна услуга – рече Благој Механџиски.

Ваквиот потег на реномираниот аптекарски бисер ” Зегин” е за поздравување кој заедно во соработка со здружението “Малешевци за Малешевијата” од денес ја започнуваат бесплатната достава на лекови до сите жители на Малешевијата.

Инаку сите кои сакаат бесплатна достава на купените лекови, можат да се јават на телефонскиот број 033 280-383, каде што во најкус можен период ќе им биде донесен лекот до нивната адреса.

  Категории: