Започнува бесплатен јавен превоз на територијата во Општина Берово

Започнува бесплатен јавен превоз на територијата во Општина Берово
март 31 15:47 2023

Општина Берово, започнува да врши бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, секој четврток, почнувајќи од ден 06.04.2023 година.

Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на Општина Берово и тоа на следните релации.

  1. ДВОРИШТЕ-РАТЕВО-РУСИНОВО-ВЛАДИМИРОВО-БЕРОВО-ТРГНУВАЊЕ ВО 07:30 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото)

БЕРОВО-ВЛАДИМИРОВО-РУСИНОВО-РАТЕВО-ДВОРИШТЕ- ТРГНУВАЊЕ ВО 13:00

  1. МИТРАШИНЦИ-БУДИНАРЦИ-МАЧЕВО-СМОЈМИРОВО- ТРГНУВАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото)

БЕРОВО-СМОЈМИРОВО-МАЧЕВО-БУДИНАРЦИ-МИТРАШИНЦИ-ТРГНУВАЊЕ ВО 15:00 ЧАСОТ

Сите кои сакаат да го користат бесплатниот превоз, за ден 06.04.2023 година (четврток), да се пријават на телефонскиот број на Општина Берово, 033/471-057, во вторник , во периодот од 08.30-13.30 часот.

  Категории: