ПРВОАПРИЛСКО ДЕФИЛЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО БЕРОВО

ПРВОАПРИЛСКО ДЕФИЛЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО БЕРОВО
април 01 14:39 2022

Првиот априлски ден, во Берово, го разигра плоштадот ,,Димитар Беровски’’ и блесна во шарени бои, со безброј принцези, кловнови, супер херои, доктори, самовили и пеперутки.

Дечињата од ОЈУДГ„23-Август“ од Берово, традиционално продефилираа во центарот на градот, сокриени под вешто изработените маски.

Многу среќа се читаше на детските маскирани лица и самите блескаа низ првоаплилската еуфорија, а на плоштадот, секоја група се претстави поединечо.

Пораката на дечињата под маски е јасна:

,,После овој ден, возрасните да ги симнат маските од лицата, да можат децата правилно да растат”.

  Категории: