Во Салата Македонски Бранители, денес со почеток во 17:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал, РСИ 2023 година.
Турнирот ќе го отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во 17:00 часот.
Ги замолуваме сите екипи, да бидат присутни на свеченото отворање на игрите, во 17: 00 часот.
Сите играчи, учесници во натпреварите, потребно е да носат соодветна опрема за во сала , како би ја сочувале салата, што е во заедничка корист, за сите што ја користат. Исто така, апелираме кон публиката, да внимаваат, да не се уништуваат столчињата во салата и да се одржува соодветно ниво на хигиена.
Во првото коло, кое ќе се одигра на 27.02.2023 година (понеделник), ќе се одиграат следниве натпревари:
Слободна во првото коло, е екипата на Приватни Фирми.
Почитувани спортисти, учесници во натпреварите и секако гледачи на турнирот , Општина Берово, како организатор на овие игри, Ви посакува добра, фер игра , да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух во градот, заеднички да уживаме и нека победат најдобрите.
Се гледаме во салата ,, Македонски Бранители” , денес, понеделник, во 17:00 часот.
Спортски поздрав