Со пригодна свечена програма и повеќе староградски песни, во изведба на Староградскиот оркестар при Дом на културата ,,Димитар Беровски” и пеачката група од Здружение на пензионери, денска започна одбележувањето на неделата на старите лица во Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки”, во Берово.
На корисниците градоначалникот Звонко Пекевски им посакам пријатен престој, долги години да ги користат услугите и вети дека општина Берово постојано ќе се грижи за подобрување на условоте во домот и проширување на капацитетите на установата.
Пред присутните се обрати директорката на установата, Живка Бојчовска Каламадевска, која го истакна одбележивањето на неделата на старите лица, во знак на подигање на свеста за зголемена интеграција на старите лица, во сите општествени сфери.
Свое обраќање имаше и претседателот на Здружение на пензионери, Васко Механџиски, кој исто така посака многу здравје и успех и упати честитки по повод неделата за старите лица.
Како значаен дел од општествениот живот, старите лица се токму тие кои го граделе општеството и затоа работиме постојано, да им возвратиме со љубов грижа и почит, која многу е потребна во овој животен период.
На сите стари лица, нека им е честита неделата на старите лица, да ги минуваат дните низ здравје и разбирање и да учиме од нив, низ нивните животни искуства.