ПЕХЧЕВО ГО ОДБЕЛЕЖА 7 МИ СЕПТЕМВРИ ПАТРОНОТ НА ГРАДОТ

ПЕХЧЕВО ГО ОДБЕЛЕЖА 7 МИ СЕПТЕМВРИ ПАТРОНОТ НА ГРАДОТ
септември 07 13:13 2022

Со положување на свежо цвеќе од повеќе делегации пред споменикот на херојот Ванчо Китанов, Пехчево денеска го одбележува општинскиот празник 7-ми Септември, денот на ослободување од фашистичкиот окупатор.

Градоначалникот Александар Китански на сите граѓани на Општина Пехчево им упатува честитки нагласувајќи дека ова е еден од најсветлите датуми во историјата на Пехчево.

“7-ми Септември е круна на вековниот стремеж на нашиот народ за слобода. Ние денеска водиме мирнодобски битки со цел подобрување на условите за живот со осврат на сите постигнати резултати” – рече Китански.

После положувањето на свежо цвеќе на споменикот на Ванчо Китанов на плоштадот Свети Петар и Павле во Пехчево се одржа свечената седница на Советот на општината. оддржа во домот на културата “Јане Сндански”, а во нејзините рамките се доделија и благодарници на заслужни граѓани, здруженија и компании кои дадоа несебичен придонес за развој на заедницата.

Исто така на свечената седница, беше презентирано видео од досегашните реализирани проекти во општина Пехчево.

  Категории: