БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ ЗА ДЕЦА ОД СОЦИЈАЛНИ СЕМЕЈСТВА.

мај 15 22:31 2018

Децата од социјални семејства нема да плаќаат за болничко лекување. Ова го предвидува програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на партиципација, усвена на денешната владина седница.

Истата, покрај пензионерите ќе ги опфати и лицата до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година:

  • На овој начин сметаме дека ќе се зголеми достапноста на здравстевните услуги и до оваа категорија граѓани. За оваа цел, обезбеден е буџет од 20 мил. денари, а предвидено е да бидат опфатени околу 20.000 лица, кажа Венко Филипче, министер за здравство.

 

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: