Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести која ќе треба да одлучи дали продолжуваат да важат рестриктивните мерки во земјава.
Според информации на Сител не е исклучена можноста ваквата одлука да биде продолжена за уште една недела до 27-ми април, но крајниот збор ќе го има Владата.Здравствените власти во текот на неделата во неколку наврати истакнаа дека се стабилизира бројот на новозаразени со Ковид и попушта притисокот врз болниците, но ситуацијата и понатаму е сериозна.
Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.
Ова се должи на третиот бран кој е и најголем во ковид пандемијата во Македонија. Во овој период здравствениот систем беше оптоварен со голем број на хоспитализирани лица, па беа отворени и неколку нови модуларни болници.