Ј А В Е Н П О В И К за „крајни корисници“ за користење на услугите од проектите „Работа,еднаквост и хуманост” и „Се грижиме, дејствуваме“

Ј А В Е Н  П О В И К за „крајни корисници“ за користење на услугите од проектите „Работа,еднаквост и хуманост” и „Се грижиме, дејствуваме“
јуни 07 15:22 2022

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.2022 година се објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К

за

крајни корисници“ за користење на услугите од проектите „Работа,еднаквост и хуманост” и

„Се грижиме, дејствуваме“

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:

стари, осамени и изнемоштени лица, хронично болни лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Работа, еднаквост и хуманост” и „Се грижиме, дејствуваме“ како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат.ПРИЈАВА за учество – Барање КРАЈНИ КОРИСНИЦИ doc

Работните активности кои се предвидени со проектот „Работа, еднаквост и хуманост” и „Се грижиме, дејствуваме“ предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени лица односно лицата кои се во ризик, стари и сами лица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секјдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.

Истите предвидуваат но не ограничуваат:

  • услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.);
  • консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;
  • помош при движење и заеднички прошетки;
  • набавка на продукти за исхрана и другипотреби во домаќинството;
  • приготвување на топол оброк/напиток;
  • поддршка во одржувањето на хигиената во домот на крајниот корисник;
  • вршење на поситни работи во домаќинството (миeње садови, внесување дрва за огрев и сл.);
  • плаќање на сметки;
  • достава на храна (по пројавен интерес) и др.

Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество во проектот „Работа, еднаквост и хуманост” и „Се грижиме, дејствуваме“ можат да поднесат во Општина Берово, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 15.06.2022 година.

Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи-Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинска Комисија за следење на проектот.

Проектот „Работа, еднаквост и хуманост” ќе се имплементира на територијата во општина Берово за грижа и нега на стари лица односно лицата кои се во ризик во времетраење од 9 месеци и Проектот  „Се грижиме, дејствуваме“ ќе се имплементира на територијата во општина Берово за грижа и нега на стари лица односно лицата кои се во ризик во времетраење од 3 месеци.

Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 471 057 и Моб: 071 302 604 и на следната интернет адреса: www.berovo.gov.mk, односно во ЈУ МЦСР Берово и АВРСМ ЦВ Берово.

За повеќе информации околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Берово, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:

www.berovo.gov.mk

www.mtsp.gov.mk

www.samovrabotuvanje.mk

Комисија за имплементација на Проектот “Општинско – корисна работа”

  1. Даница Пиличовска -претседател (претставник на општина Берово)
  2. Марија Тренчовска -член (претставник на АВРСМ Центар за вработување Берово)
  3. Биљана Миловска -член (претставник на Меѓуопштински центар за социјални работи Берово

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

  Категории: