Врз основа на Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања од физички лица за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија бр. 09-4443/1 од 23.12.2022 година, Општина Берово, распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
За поднесување на барања за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија
Право на субвенција, имаат сите млади лица кои се редовни ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово , од прва година и кои со обуки за возачки испит, ќе започнат од 01.01.2023 година.
За сите ученици во III или IV година, во ОСУ ,,Ацо Русковски”, со место на живеење во Општина Берово, кои ќе поднесат барање и кои ги исполнуваат условите, ќе се врши исплата на 8.000,оо денари од Буџетот на општина Берово, во согласност со годишната програма за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита.
Подносителите на барање за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел, за полагање на возачки испит од Б категорија се должни да приложат:
Барањето и изјавата можете да ги симнете на следниот линк:
Барање за субвенционирање за возачки испит Б категорија 2023
Изјава за лични податоци
Рокот за поднесување на Барање за исплата на средства, е во текот на цела година.
ОПШТИНА БЕРОВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Звонко Пекевски